Дома Фудбал Директорот на Јувентус: Жал ми е за Роналдо, но тој веќе не е наш проблем

Директорот на Јувентус: Жал ми е за Роналдо, но тој веќе не е наш проблем

Кристијано Роналдо од 2018 до 2021 година играше за Јувентус од каде што се врати во Манчестер Јунајтед.

Португалецот беше незадоволен после првата сезона на „Олд Трафорд“ и сакаше да замине, но неговиот агент Жорге Мендеш иако се обидуваше сепак, не успеа да му пронајде адекватен клуб.

За „ДАЗН“ ситуацијата на Роналдо ја коментираше и директорот на Јувентус, Маурицио Аривабене.

„Со Роналдо се разделивме со меѓусебна почит. Ова што му се случува во Манчестер Јунајтед не е наш проблем. Жал ми е да го гледам во таква непријатна ситуација за него, но тој повеќе не е наш проблем“, изјави Аривабене.

Со Ерик Тен Хаг Роналдо во Јунајтед сезонава беше стартер само на натпреварот против Брентфорд кој Јунајтед го загуби со 4:0, во останатите влегуваше од клупата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Борнмут го потопи Јунајтед: „Олд Трафорд“ се празнеше, опасната зона е на бод!

Манчестер јунајтед загуби со 0:3 пред своите навивачи и по осум кола има само седум бода. …