На Генералното собрание на СЕХА лигата што се одржа денес во Задар Хрватска, Божидар Ѓурковиќ беше избран за нов претседател на СЕХА лигата.
Михајло Михајловски се повлече од функцијата претседател на меѓународната СЕХА лига. Михајловски беше на оваа функција безмалку 10 години, а неговото место ќе му припадне на Божидар Ѓурковиќ од Србија.
Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
Дополнително, за потпретседатели се избрани Томислав Граховац, Борис Сапожников и Золтан Шик. Потоа, Зоран Штерјев, претседателот на Е. Пелистер е избран за нов член на Извршниот комитет на СЕХА, Синиша Остоиќ за управен директор, додека Марјан Начевски за комесар.
„Навистина сум горд на изминатиот период и убеден сум дека пред СЕХА има светла иднина во светот на ракометот. Лично сметам дека ова е вистинско време да му ја предадам функцијата претседател на личност како господинот Божидар Ѓурковиќ, за кого верувам дека може да го продолжи патот што сите заедно го изградивме во последните 10 години со своето знаење и искуство. На новиот претседател му посакувам многу среќа и успех во градењето на уште подобро натпреварување и секогаш ќе бидам еден од најголемите поборници на ова натпреварување“, рече Михајловски.