Дома Луд Спорт Скандал во Англија: Фудбалер на Бартон извршил три силувања во еден ден

Скандал во Англија: Фудбалер на Бартон извршил три силувања во еден ден

Францускиот фудбалер Вилијам Коколо, кој игра во третолигашот Бартон Албион е обвинет дека извршил дури три силувања во еден ден!

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сите три прекршоци се тврди дека биле извршени во областа Бирмингем на 13 февруари 2022 година, а Коколо допрва треба официјално да се изјасни за обвиненијата.

„Бартон Албион е свесен за обвинувањата кои се упатени против нашиот фудбалер. Клубот разговараше со него, но клубот не е во можност да даде никакви коментари“, стои во соопштението.

Коколо кариерата ја започна во Монако, по што следеше трансфер во Англија каде прво играше за Сандерленд, а зимата 2022 година го облече дресот на  Бартон Албион.

Да потсетиме, на Островот моментално се води голема постапка против фудбалерот на Манчестер Сити, Бенџамин Менди, кој е обвинет за дури осум силувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…