Сагата околу иднината на Кристиано Роналдо траеше во текот на целото лето, бидејќи Португалецот сакаше да го напушти Манчестер Јунајтед.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Роналдо сакаше да се пресели во тим кој настапува во Лигата на шампиони, но не успеа, а сега тренерот на „црвените ѓаволи“ тврди дека тој никогаш немал желба да замине.
„Разговарав со Роналдо неколку пати, се договоривме тој да остане – инаку сега немаше да биде член на Манчестер Јунајтед. Кристиано е исклучителен фудбалер, на тренинзите евидентно е дека може да одговори на барањата на стручниот штаб. Тој е необичен играч, нема систем на игра во кој не се вклопува. Тој многу добро знае што бараме од него“, изјави Холанѓанецот.
„Роналдо е дел од моите планови од самиот почеток, среќен сум бидејќи тој е дел од тимот. И двајцата сакаме нашата сезона да биде успешна. Тој немаше желба да замине и среќен сум поради тоа“, додаде Тен Хаг.