Дома Фудбал Англија Обамејанг: Имам незавршена работа во Премиер лигата

Обамејанг: Имам незавршена работа во Премиер лигата

Пјер-Емерик Обамејанг се врати во Премиер лигата и повторно ќе игра во Лондон, овој пат во дресот на Челзи.

„Сините“ летово останаа без Тимо Вернер и Ромелу Лукаку, па го привлекоа Обамејанг од Барселона.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


33-годишниот напаѓач потпиша двегодишен договор и не го криеше задоволството што се враќа во Премиер лигата.

„Многу сум среќен. Чест е да се биде дел од овој тим и едвај чекам да започнам. Имам незавршена работа во Премиер лигата, па возбудливо е да се вратам“, изјави Обамејанг.

Челзи плати 12 милиони евра обештетување и му го раскина договорот на Маркос Алонсо, кој сега како слободен агент ќе се пресели во Барселона. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арбелоа: Кој не верува во победа на Реал против Баерн, не мора да оди во Минхен

И покрај поразот од Баерн со 1:2, Алваро Арбелоа изрази самодоверба пред реваншот во Минхе…