Дома Фудбал Клоп: Перфектен момент да се добие натпревар

Клоп: Перфектен момент да се добие натпревар

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп беше пресреќен по драматичната  победа од 2-1 над Њукасл.

Победата на „црвените“ дојде длабоко во судиското продолжение, а Клоп верува дека тоа е перфектен момент за да се добие еден натпревар.

„Тоа беше совршен момент да се добие овој натпревар. Натпреварот беше тежок, со многу емоции и агресивна одбрана. Тешко е да се најде ритам во играта кога работите не одат како што треба од самиот почеток. Дури и пред да примиме гол, имаше ситуации во кои изгледавме очајно. Моравме да најдеме начин да се смириме.

„На крајот успеавме да дојдеме до победата со тој прекрасен гол на роденденското момче. Тоа е најдобриот начин да се добие натпревар. Мислам дека постигнавме гол во 98-та минута. Тоа беше одличен одговор на тоа што противникот да ја забавуваше играта“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јашароски со хет-трик за 22 минути, Илинден му даде шест гола на Перпарими

Илинден победи со 6-0 на гостувањето кај Перпарими, а Ален Јашароски ги постигна првите тр…