Дома Македонски спорт Ѓорческа елиминирана од турнирот во Прага: Доби еден сет, па ги загуби следните два со 0:6

Ѓорческа елиминирана од турнирот во Прага: Доби еден сет, па ги загуби следните два со 0:6

Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа неуспешно го стартуваше турнирот во Прага откако претрпе пораз кој е малку чуден.

Македонката одлично го започна мечот и првиот сет го доби со 6:3, а потоа застана и не освои ниту еден гем во следните два сета, двата ги загуби со по 0:6. Вакво нешто на Ѓорческа и се случува за првпат во кариерата.

На турнирот во Прага македонската тенисерка ќе остане во натпреварувањето во двојки каде што ќе игра со Деа Херделаж, противнички им се Анета Лабуткова и Јована Мархова.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Oбјавена фотографија на Ѓоковиќ од 2003 година, дали би го препознале?

Во текот на последните две децении, Новак Ѓоковиќ безброј пати ги израдува љубителите на т…