Дома Останати Кошарка Мекејлеб избран во топ 10 најдобри натурализирани кошаркари во историјата на ЕП

Мекејлеб избран во топ 10 најдобри натурализирани кошаркари во историјата на ЕП

Наближува поќетокот на 41. издание на Евробаскетот кој оваа година ќе се игра во четири земји: Германија, Грузија, Чешка и Италија.

Пред овој настан специјализираниот сајт за кошарка „Баскетњуз“ направи листа од топ 10 најдобри натурализирани кошаркари кои настапиле на ЕП. На оваа листа имаше место за Лестер Бо Мекејлеб кој го носеше дресот на Македонија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мекејлеб остави длабока трага во македонската кошарка и најмногу ќе остане запаметен по историскиот настап на Еврбоскетот во 2011 година во Литванија каде што бевме блиску до медал и завршивме на четвртата позиција.

Бо на листата се најде на четвртото место пред Миротиќ, Ибака, Слотер, Кејман, Сибилио и Брабендер. Пред него завршија само Рендолф кој беше шампион со Словенија на претходното првенство, Фучка и Холден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Барселона го најде наследникот на Левандовски

Барселона сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантас…