Дома Фудбал Најубавиот гол во ЛШ за изминатата сезона дело на Манџукиќ (Видео)

Најубавиот гол во ЛШ за изминатата сезона дело на Манџукиќ (Видео)

Погодокот на фудбалерот на Јувентус, Марио Манџукиќ во финалето од ЛШ против Реал Мадрид, е прогласен денес за најубав гол за изминатата сезона во изборот на УЕФА.

Тој во финалето во 27. минута пими топка на гради и свртен со грб ја погоди мрежата на Кејлор Навас за израмнување на 1:1.

Тоа на крајот сепак, беше само утешен погодок за Јувентус, со оглед на тоа дека Реал славеше со 4:1.

На втората позиција е играчот на Фенербахче, Муса Со, додека на третата позиција се најде Касемиро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ромарио удри по Анчелоти: Бразил не смее да жртвува уште едно Светско!

По поразот од Јапонија со 3:2, Ромарио побара селекторска смена. Анчелоти има договор до м…