Френки де Јонг денес беше „уловен“ на аеродромот во Барселона како лета за Лондон, пренесуваат шпанските медиуми.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Холанѓанецот во текот на цело лето е главна тема во медиумите поради неговиот евентуален трансфер во Премиер лигата.




Барселона ја прифати понудата од Манчестер Јунајтед за него, но играчот одби да се пресели на „Олд Трафорд“.




Каталонците сакаат да го продадат бидејќи имаат финансиски проблеми, а Де Јонг не прифаќа намалување на платата.




Во трката за неговиот потпис се вклучи Челзи, кој е спремен да плати 80 милиони евра, а тоа што Де Јонг е виден како патува за Лондон додатно ги разгоре шпекулациите.




Новинарите на „ЕСПН“ пак откриваат дека причината е приватна и дека Де Јонг ќе оди на семејна прослава кај близок пријател.




Остануваат уште два дена до крајот на преодниот рок, па останува да видиме каков ќе биде расплетот и дали не очекува „бомбастичен“ трансфер на самиот финиш.
💣💣¡NOTICIA BOMBA!💣💣
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) August 29, 2022
✈️FRENKIE DE JONG, dirección LONDRES.
🎥 @10JoseAlvarezhttps://t.co/D7dqcx1x2q pic.twitter.com/HCYgik50FL