Дома Фудбал Лига на шампиони УЕФА го објави распоредот во Лигата на шампионите

УЕФА го објави распоредот во Лигата на шампионите

По ждрепките за групите, денес УФА го објави и распоредот за новата сезона во Лигата на шампионите.

Натпреварите во групната фаза започнуваат на 6. септември, а први натпреварите ќе бидат Динамо Загреб – Челзи и Борусија Дортмунд – Копенхаген.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Првото коло носи и две поголеми пресметки и тоа распределени во вторник и средна. Вторникот го носи натпреварот во Париз помеѓу ПСЖ и Јувентус, додека еден ден подоцна во „групата на смртта“ силите ќе ги одмерат Интер и Баерн Минхен.

Актуелниот шампион Реал Мадрид одбраната на трофејот ќе ја започне со дуелот на гости против Селтик.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ ПРВО КОЛО

Вторник (6. септември)

Група Е: Динамо Загреб – Челси (18.45), Салцбург – Милан (21.00)

Група Ф: Селтик – Реал Мадрид, Лајпциг – Шахтар Доњецк (21.00)

Група Г: Борусија Дортмунд – Копенхаген (18.45), Севиља – Манчестер сити (21.00)

Група Х: ПСЖ – Јувентус, Бенфика – Макаби Хаифа (21.00)

Среда (7. септември)

Група А: Ајакс – Глазгов Ренџерс (18.45), Наполи – Ливерпул (21.00)

Група Б: Клуб Бриж – Баер Леверкузен, Атлетико Мадрид – Порто (21.00)

Група Ц: Интер – Баерн Минхен, Барселона – Викторија Плзењ (21.00)

Група Д: Ајнтрахт Франкфурт – Спортинг (18.45), Тотнем – Марсеј (21.00)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Енцо Фернандез во емисија го откри името на неговиот нов клуб!? (Видео)

Се повеќе се шпекулира дека Ензо Фернандез летово ќе го напушти Челзи и ќе се пресели во д…