Дома Македонски спорт Мак ракомет Павле Петровиќ и Дејан Кукуловски ќе играат за Еурофарм Пелистер 2

Павле Петровиќ и Дејан Кукуловски ќе играат за Еурофарм Пелистер 2

Ракометарите Павле Петровиќ и Дејан Кукуловски кои во претходниот период беа на подготовки со првиот тим на Еурофарм Пелистер се враќаат во вториот тим.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Оваа информација ја потврдија денес од битолскиот клуб. Двајцата се веќе пријавени за настап во сите натпреварувања.

РК Еурофарм Пелистер 2 ја известува јавноста дека ракометарите Павле Петровиќ и Дејан Кукуловски по периодот подготовки минат во тимот на Еурофарм Пелистер, се приклучија во Еурофарм Пелистер 2 и веќе се пријавени за натпреварите од ЕХФ Лига Европа, Суперлигата и Купот на Македонија.

Петровиќ и минатите две сезони го носеше дресот на Еурофарм Пелистер 2, а Кукуловски ќе дебитира утре против Алпла Хард во првото квалификационо коло на ЕХФ Лига Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Лазаров избра: Ова е тимот со кој одиме против Словачка! (Фото)

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва (19 часот) во Прешов го почнува баражот п…