Дома Фудбал Англија Aнглиската легенда „yдри“ по Роналдо: Јас и Рој Кин сигурно не би ги трпеле неговите „сра*а“

Aнглиската легенда „yдри“ по Роналдо: Јас и Рој Кин сигурно не би ги трпеле неговите „сра*а“

Кристијано Роналдо и неговото однесување во Манчестер Јунајтед и понатаму е една од главните теми на англиските медиуми.

Легендата на англискиот фудбал Пол Инс за „Дејли Стар“ го сподели својот став околу целата ситуација и жестоко го критикуваше Португалецот.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Во наше време, јас и Рој Кин никогаш не би го трпеле однесувањето на Роналдо. Тој мора да си замине. Дефинитивно во нашата соблекувална немаше да се трпат неговите сра*а и немаше лесно да помине“, изјави Инс.

Ерик Тен Хаг го седна Роналдо на клупата во дербито со Ливерпул кое Јунајтед го доби со 2:1 и изгледаше навистина добро на теренот.

„Важно е тоа што Тен Хаг го изостави од почетните 11. Луѓето можеа да видат дека има живот и без него. Да беше Меси на негово место не верувам дека би се однесувал вака“, смета Инс.

Инс дресот на Манчестер Јунајтед го носеше од 1989 до 1995 година, а заедно со Рој Кин одиграа две сезони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо има неколку големи желби кои сака да ги оствари пред да се пензионира

Иако има 39 години, Кристијано Роналдо не размислува за фудбалска пензија, а медиумите пиш…