Дома Останати Кошарка НБА Семејството на Коби Брајант доби отштета од 16 милиони

Семејството на Коби Брајант доби отштета од 16 милиони

Сопругата на еден од најдобрите кошаркари во историјата, Ванеса Брајант ги тужеше полицајците кои ги фотографирале телата на Коби Брајант и неговата ќерка Џиана.

Адвокатот кој ја претставува Ванеса соопшти пред судот во Лос Анџелес дека полицајците стигнале на местото на инцидентот, каде што ги направиле спорните фотографии и потоа ги објавиле.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Федералниот суд во САД и додели отштета од 16 милиони долари бидејќи фотографии од местото на несреќата во која загинаа нејзиниот сопруг и ќерката Џиана пред две години се појавија во јавноста.

По пресудата, Ванеса на Инстаграм објави фотографија од Коби и Џиана со коментар:

„Се за вас! Ве сакам! ПРАВДА за Коби и Џиџи“, стои во објавата на Ванеса Брајант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Одбојкарите утре ги започнуваа подготовките за „Златната лига“

Машката сениорска репрезентација, утре во 13:30 часот, во хотелот „Горан Пандев“ во Струми…