Дома Фудбал Англија Мегваер не сака да си оди, ќе се бори за место во тимот

Мегваер не сака да си оди, ќе се бори за место во тимот

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер е решен да се бори за своето место во тимот и нема намера да го напушти „Олд Трафорд“.

29-годишниот дефанзивец остана на клупата за дербито со Ливерпул на сметка на Рафаел Варан кој одлично се претстави. Затоа се очекува Французинот во иднина да стане прв избор на Ерик тен Хаг, а Мегваер се почесто да биде изоставен од стартниот тим.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Веднаш се шпекулираше дека англискиот репрезентативец би можел да биде продаден, но според „Дејли Мејл“, играчот не сака да си замине и ќе направи се за да ја врати довербата на менаџерот.

Мегваер беше донесен во Манчестер Јунајтед од Лестер во 2019 година за рекордни 87 милиони евра. Досега за „црвените ѓаволи“ има 146 натпревари, 7 гола и 5 асистенции.

Сепак, дефанзивецот никогаш не ги оправда големите очекувања и често е предмет на сериозни критики.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

На клупата на Охрид денеска седеше голман од 64 години!

На натпреварот меѓу Охрид и Силекс (1-1) во рамките на Купот на Македонија, вниманието на …