Дома Фудбал Останато Никој како Нејмар од почетокот на сезоната

Никој како Нејмар од почетокот на сезоната

Нејмар, за кој летово имаше шпекулации дека ќе го напушти Пари Сен Жермен, има феноменален старт на сезоната и е најдобар играч во Топ 5 европските лиги.

Статистиката покажува дека Бразилецот веќе има 7 гола и 6 асистенции. Од нив, 5 гола се во првенството – најмногу во водечките првенства на Стариот континент. Останатите 2 гола се од финалето за Суперкупот на земјата.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Во просек, поранешниот играч на Барселона упатува три шута кон голот по натпревар, што е помалку од оние како Меси (4,3), Мбапе (6), Бензема (6), Левандовски и Дарвин Нуњез (по 4,5).

Статистичката платформа „WhoScored“ го оценува досегашниот настап на Нејмар со 9,53 од максимални 10, што е бр.1 во цела Европа.

На почетокот на трансфер пазарот се шпекулираше дека ПСЖ сака да се ослободи од Бразилецот, кој наводно не е во добри односи со Мбапе, но Нејмар одговори со феноменални игри на теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Спектакуларно: Асистанција на Хименез за ТВ шпици – со пета ја измами одбраната на Манчестер Сити! 🎥

Резултатот на натпреварот помеѓу Фулам и Манчестер Сити на полувремето е 1:1 , а Фулам прв…