Светскиот шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури, демантираше дека се повлекува од боксот и истакна дека изјавата ја дал само да покаже „какви се медиумите“.
„Боксот е најжалното нешто во кое некогаш сум учествувал. Јас сум најголем и се пензионирам“, напиша 28-годишниот Британец на Твитер.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Неколку часа потоа сепак Фјури ја демантираше сопствената изјава.
„Мислевте дека така лесно ќе си замине Кралот на Циганите? Овде сум за да останам. Јас сум најголемиот. Ова само ви покажува какви се медиумите“, напиша Фјури.
Минатата недела стана јасно дека Фјури бил фатен во употреба на кокаин. Англичанецот паднал на допинг проверка на 22 септември.
Следниот ден тој го одложи по втор пат реваншот против Владимир Кличко за титулите на Светската боксерска асоцијација (WBA) и Светската боксерска организација (WBO).