Дома Македонски спорт „Тутомеркато“ тврди: Елмас може да биде решението за проблемите на Јунајтед!

„Тутомеркато“ тврди: Елмас може да биде решението за проблемите на Јунајтед!

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас на почетокот од сезоната во Наполи шанса добива од клупата за резерви. Италијанскиот „Тутоспорт“ иако пред неколку дена медиумите пишуваа дека Елмас ќе остане најавува заминување на „дијамантот“ од Неапол.

„Тутомеркато“ пренесува дека Манчестер Јунајтед полека го насочува вниманието кон Елмас откако не им одат најдобро преговорите за доведување на Ентони од Ајакс.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Според реномираниот италијански медиум Елмас би бил решението за Манчестер Јунајтед со проблемот во организирањето напади.

Елмас на трансфер пазарот се проценува на вредност од 40 милиони евра, но не се исклучува можноста Наполи да прифати и помала сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…