Сезоната која започна Шпанецот Сеск Фабрегас ќе ја помине во Италија настапувајќи за тимот на Комо.
Фабрегас го напушти Монако како слободен фудбалер и го избра Комо за негов нов клуб. Поранешниот фудбалер на Челзи, Арсенал и Барселона во залезот на кариерата ќе игра во клубот во близина на Швајцарија покрај прекрасното езеро.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Можеби по малку и неговата одлука беше изненадувачка, сепак тој ја објасни одлуката.
„Комо го избрав поради проектот кој ми беше претставен. Ова е клуб кој се развива, игра на добро ниво и ќе живеам во навистина преубав град, ќе бидам и акционер во клубот. Верувам дека моето семејство е релаксирано тука, блиску сме до швајцарија и децата ќе учат во швајцарско училиште. Тука ќе се подготвувам и за мојот нов чекор, а тоа ќе биде тренерската кариера“, изјави Фабрегас.