Дома Останати Тенис Изненадување од најголемиот критичар на Ѓоковиќ: Тој е најдобар во историјата!

Изненадување од најголемиот критичар на Ѓоковиќ: Тој е најдобар во историјата!

Тенискиот новинар Бен Ротенберг често го критикуваше Новак Ѓоковиќ во минатото, но сега објави еден твит во кој напиша неколку факти и ги изненади сите.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ѓоковиќ е единствен тенисер кој ги освои сите Мастерси, а тоа го направи двапати, па Ротенберг порача дека Србинот е најдобар во историјата.

„Дури и Ѓоковиќ да не го прескокне Надал по број на гренслем-титули, нема никаков сомнеж дека тој е најдобар во историјата во машкиот тенис“, напиша Ротенберг.

Српскиот тенисер остана без можност да се закити со уште неколку титули, откако годинава не учествуваше на Мастерсите во САД затоа што не е вакциниран, а од иста причина најверојатно ќе го пропушти и Ју-Ес Опен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ доби ударен термин на стартот на Ролан Гарос

Организаторите на Ролан Гарос ги објавија термините за натпреварите во недела, првиот ден …