Фудбалскиот свет има нов голем суперталент, кој е во сопственост на италијанскиот гигант Милан.
Одличниот деветгодишен Николож Шаликиани од Грузија е името кое треба добро да го запомниме. Клубот од „Сан Сиро“ ова лето беше еден од најактивните во трансфер периодот, во текот на летото пристигнаа дури 11 засилувања. Но, Росонерите размислуваат и за иднината.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
А доколку по потезите и техниката на малиот играч се познава неговата иднина, тој ќе биде прекрасен играч. Тој на еден тренинг жонглираше цела минута и половина, а останатите деца останаа гледајќи го во чудо.
„Па тој е подобар од мене. Тој е гениј“, велеа останатите деца, додека малиот волшебник правеше со топката тоа што го сакаше.
? 9 year-old Georgian player Nikoloz Shalikiani at #ACMilan‘s training camp ??
[Video: @LeoMilanista] ?⚫️?? pic.twitter.com/WRqoNpG0u2
— SempreMilan (@SempreMilanCom) August 27, 2017
Тој веќе со години е дел од кампот на Милан за млади селекции и сигурно во италијанскиот клуб покажуаат голема надеж во него, иако го чекаат години и години напредок. Исто така, тој за некои години би требало да стане вториот Грузијанец во редовите на Милан, за кој од 2001. до 2010. година настапуваше Кака Каладзе, истакнат политичар во споменатата земја.