Премиерлигашот Евертон е силно заинтересиран за македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, пренесува Џанлука Ди Марцио.
Еден од најпознатите италијански новинари објави дека Евертон ги разгледува опциите за ангажман на Елмас и Лозано, но засега нема конкретни понуди. Елмас на почетокот на оваа сезона остана „џокер“ на Спалети.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Доаѓањето на Симеоне, Распадори и Ндомбеле може да биде пречка во минутажа на македонскиот „дијамант“ па според последните информациите Наполи нема да прави проблем ако за Елмас и Лозано пристигна примамлива понуда.
Претходно се пишуваше за голем интерес од Милан за Елмас, меѓутоа наполитанците не сакаа да го продадат на директен ривал од Серија А. Ќе потсетиме, за Елмас Наполи плати 16 милиони евра на Фенербахче.