Дома Фудбал Клоп за Барселона: Ако немаш пари, тогаш не трошиш

Клоп за Барселона: Ако немаш пари, тогаш не трошиш

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп не ја разбира трансфер политиката на Барселона.

Каталонскиот клуб е еден од најактивните клубови на трансфер пазарот, иако има огромни финансиски проблеми.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Барселона ги доведе Роберт Левандовски, Рафиња, Жил Кунде, Франк Кеси и Андреас Кристенсен продавајќи дел од ТВ-правата и придружните компании на клубот за да може да бидат регистрирани.

„Прво, јас не сум финансиски експерт. Но, од друга страна, ако ми кажете дека немам пари, тогаш нема да трошам повеќе. Во минатото и мојата кредитна картичка беше исечена двапати, за среќа, пред повеќе години. Ја следам ситуацијата како фудбалски навивач и не ги сфаќам. Последните неколку децении во кои гледам фудбал тој клуб бил фантастичен и се надевам дека ќе им успее ова што го прават“, вели Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алегри по победата против шампионот Наполи ги разочара навивачите на Милан

Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, по натпреварот против Наполи (2-1) се обиде да ја …