Дома Фудбал Англија Навивачите на Челзи покренаа петиција против судијата Тејлор

Навивачите на Челзи покренаа петиција против судијата Тејлор

Навивачите на Челзи покренаа петиција со која бараат да му биде забрането на судијата Ентони Тејлор во иднина да му суди на „сините“.

Петицијата е веќе потпишана од илјадници фанови, наводно до недела во 21 часот, ја потпишале повеќе од 16.000 фанови.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


На страницата „change.org“ се потпишува петиција во која се вели дека „Ентони Тејлор само што продолжи да носи одлуки против Челзи, како што тоа го правеше во изминатите години на големите натпревари. Тејлор има план против Челзи и не треба да ќе му биде дозволено повторно да суди натпревар на Челзи“.

И тренерот Томас Тухел после мечот со Тотенхем јавно го искритикува Тејлор.

„Можеби ќе биде најдобро Ентони Тејлор повеќе да не ни суди. Искрено, имаме и ВАР за да помогне судиите да донесат права одлука. Од кога играч може да повлече друг играч за коса? Ајде еве и да речеме дека не го видел тоа, имаме ВАР и како тоа никој не виде дека има слободен удар или црвен картон? Како?“, коментираше Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо има неколку големи желби кои сака да ги оствари пред да се пензионира

Иако има 39 години, Кристијано Роналдо не размислува за фудбалска пензија, а медиумите пиш…