Манчестер јунајтед повторно одигра ужасен меч во Премиерлигата и загуби со 0-4 од Брентфорд, а проблем не е само играта, туку и атмосферата во кллубот.
„Манчестер Ивнинг Њуз“ објави дека два дена пред мечот со Брентфорд се случил хаос во соблекувалната по тренингот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите се карале меѓусебе и очигледно тоа ја уништило атмосферата пред мечот во второто коло во кој Јунајтед беше посрамотен.
Не е познато колку лица учествувале во караницата, но пред три месеци за малку ќе имаше тепачка исто така во соблекувалната, па очигледно нешто не е како што треба во клубот.
Тренерот Ерик Тен Хаг побара итни промени и нови засилувања, а претходно и други тренери, како Жозе Мурињо и Ралф Рангник предупредуваа дека во клубот има проблем и мора да се реши во најбрз можен рок.