Дома Фудбал Англија ФА отвори постапка: Тухел може да заработи суспензија

ФА отвори постапка: Тухел може да заработи суспензија

Toмас Тухел заработи црвен картон во дербито против Тотенхем, причина беше жестокиот судир кој го имаше со неговиот колега на спротивната страна Антонио Конте.

Сепак, поголем проблем за Тухел со водењето на тимот може да биде изјавата која ја даде после натпреварот. Германецот не беше задоволен од судењето и го критикуваше судијата Ентони Тејлор, дури порача дека повеќе не треба да суди на натпреварите на Челзи.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Денес имам повеќе проблеми со судијата. Мислам дека овој судија повеќе не треба да суди на натпреварите на Челзи. Верувам дека и оние кои не се навивачи на Челзи сметаат дека донесе ужасни одлуки на наша штета. Играчите се на теренот и знаат што се случува, а целата соблекувална го дели моето мислење и знам дека ќе бидат загрижени кога тој ќе биде делегиран на нашите мечеви во иднина“, изјави Тухел.

Поради оваа изјава Фудбалската асоцијација на Англија отвори постапка против стратегот на „сините“ и таа може да резултира со дополнителна суспензија и парична казна. Од ситуациите во минатото познато е дека ФА нема милост кога се зборува за судиите, без разлика дали критиките се оправдани или не.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…