Францускиот новинар Квентан Мојне стигна во Америка и објави дека на влез во САД никој не му барал доказ дека е вакциниран.
Ова е охрабрувачка вест за најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ, кој сепак би можел да заигра на Ју-Ес Опен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Влегов во САД без да ми бараат доказ за вакцинација. Ова не беше случај во март. Дали веќе се променети правилата? Тоа би можеле да бидат добри вести за Ѓоковиќ“, кажа Мојне.
Центарот за контрола и превенција на болести на САД донесе нови мерки за невакцинираните лица, но сепак тие не важеа за странци.
Ју-Ес опен почнува на 29 август, па останува да видиме дали Ѓоковиќ ќе настапи на последниот гренслем-турнир во сезоната.