Иако Меси немаше сезона како што очекуваше во ПСЖ, сепак навивачите беа изненадени кога не се најде помеѓу 30-те кандидати во изборот за „Златната топка“.
Новинарот на „Л’Eкип“ Емануел Бојан објаснува зошто Меси не се нашол на списокот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Според новиот критериум се гледа сезоната, а не календарската година, па така трофејот на Копа Америка освен во јули не е во конкуренција. Кога ќе ја погледнете неговата прва година во Париз ќе видите дека е разочарувачка“.
Се објаснува и зошто Роналдо е во топ 30.
„Сезонава тој стана најдобар стрелец во репрезентативниот фудбал, го водеше Јунајтед до осминафиналето во ЛШ, тоа му донесе седум бода. Исто така постигна 18 гола во Премиер лигата, 32 гола на 49 натпревари не е на нивото на неговите најдобри денови, но беше доволно да биде во топ 30“, објаснува новинарот.
ТОП 30 ЗА ЗЛАТНАТА ТОПКА
Тибо Куртоа (Реал Мадрид)
Карим Бензема (Реал Мадрид)
Винисиус Жуниор (Реал мадрид)
Лука Модриќ (Реал Мадрид)
Кашемиро (Реал Мадрид)
Антонио Рудигер (Реал Мадрид/Челси)
Мајк Мењан (Милан)
Рафаел Леао (Милан)
Кристофер Нкунку (Лајпциг)
Мохамед Салах (Ливерпул)
Лиус Дијаз (Ливерпул)
Фабињо (Ливерпул)
Вирџил ван Дајк (Ливерпул)
Трент Александер-Арнолд (Ливерпул)
Дарвин Нуњез (Ливерпул/Бенфика)
Садио Мане (Баерн М/Ливерпул)
Џошуа Кимих (Баерн Минхен)
Роберт Левандовски (Барселона/Баерн М.)
Бернардо Силва (Манчестер сити)
Ријад Махрез (Манчестер сити)
Фил Фоден (Манчестер сити)
Кевин де Бруин (Манчестер сити)
Жоао Кансело (Манчестер сити)
Ерлинг Халанд (Манчестер сити/Борусија Д.)
Хјонг-Мин Сон (Тотенхем)
Хари Кејн (Тотенхем)
Себасијан Але (Борусија Д./Ајакс)
Кристијано Роналдо (Манчестер јунајтед)
Душан Влаховиќ (Јувентус)
Килијан Мбапе (ПСЖ)