Дома Фудбал Сусо брилјира – Милан му спреми најдобар подарок!

Сусо брилјира – Милан му спреми најдобар подарок!

Играчот на Милан, Сусо брилјира од почетокот на сезоната и во сенка ги фрли сите нови засилувања на „росонерите“ ова лето.

Шпанецот во првите две кола во Серија А беше најдобриот поединец кај Милан и запиша два гола и две асистенции.

Тоа го забележа и селекторот на Шпанија, Лопатеги па го повика Сусо во националниот тим, а италијанските медиуми пренесуваат дека раководството на Милан спрема подарок за Шпанецот.

Имено, Милан започна преговори со неговиот агент за продолжување на договорот, па Сусо ќе добие големо покачување на платата.

Сусо моментално заработува „само“ 1 милион евра по сезона, а со новиот договор ќе добие тројно поголема плата, односно 3 милиони евра годишно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Волтемаде го спаси Јувентус, па откри: За пеналот прво го прашав Коло Муани

Јувентус остана без победа против Рен (2-2), а Ник Волтемаде откри како ја презел одговорн…