Дома Фудбал Италија На Интер му се брза – сака што побрзо да го „блиндира“ Икарди

На Интер му се брза – сака што побрзо да го „блиндира“ Икарди

Мауро Икарди викендов против Рома уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите напаѓачи во Европа и дефинитивно најдобриот фудбалер на „нероаѕурите“.

Икарди минатото лето го продолжи договорот со Интер во кој има откупна клаузула од 110 милиони евра, но цените на фудбалерите ова лето пораснаа толку многу што оваа сума воопшто не е голема за напаѓач од негов калибар.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Поради тоа „нероаѕурите“ стравуваат дека некој од богатите клубови може да ја активира клаузулата, па брзаат нивниот капитен да потпише нов договор.

Актуелниот договор на Аргентинецот истекува во 2021 година, според кој напаѓачот заработува 4,5 милиони евра по сезона, па Интер сака да му понуди финансиски подобар договор.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер брза да го спреми новиот договор и ќе му понуди плата од 6 милиони евра на Икарди, но во него ќе има откупна клаузула од 300 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ПСЖ спрема понуда за Зидан

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, би можел да го замени Луис Енрике на кор…