Дома Фудбал Перез: Важно е Барселона да се врати меѓу најдобрите

Перез: Важно е Барселона да се врати меѓу најдобрите

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез беше исклучително задоволен од триумфот на неговиот тим над Ајнтрахт од 2-0 во финалето на Суперкупот на Европа.

„Имавме добра сезона и овој Суперкуп не израдува многу. Прво треба да се заслужи да се биде дел од овој меч, а потоа да се победи. Имаме одличен тим, што е резултат на многу напорна работа на сите во клубот. Анчелоти одлично го води тимот, тој е многу важен дел од нашиот успех и новата сезона ја започнуваме со оптимизам“, изјави Перез.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Перез потоа проговори за Барселона и е среќен што наголниот ривал се враќа на голема врата.

„Барселона? Има сезони во кои секој тим прави подобро или полошо, но Барса е еден од најважните клубови во светот и важно е да се врати на своето ниво, што ќе биде добро за сите, за целиот светски фудбал“, изјави Перез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Teр Штеген заминува: Го избрал и новиот клуб?!

Марк-Андре Тер Штеген наскоро би можел да биде нов голман на Жирона! Според каталонскиот н…