Македонскиот репрезентативец Енис Барди прифатил трансфер во редовите на турски Трабзонспор. Леванте и турскиот шампион го договориле трансферот и вкупно овој клуб за Барди ќе плати околу 10 милиони ера.
Така Барди после пет години поминати во Шпанија откако дојде во јули 2017 година од Ујпешт направи трансфер во Трабзон за три милиони евра, а во иднина на шпанскиот клуб ќе му следуваат и одредени бонуси. Меѓутоа новинарот Хасан Тунчел објави дека вкупно трансферот на Барди Трабзон ќе го чини десет милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од нив две третини ќе бидат за платата на Барди или нешто повеќе од два милиони евра годишно, додека остатоткот ќе го добие Леванте преку оштетата и бонусите.
Ќе потсетиме неодамна во Турција се пресел и Езгјан Алиоски кој ќе го носи дресот на Фенербахче.