Дома Фудбал Англија Тухел објасни зошто го сака Фофана

Тухел објасни зошто го сака Фофана

Челзи е еден од најактивните клубови на трансфер пазарот, а Тухел сака да доведе уште еден дефанзивец.

Најголема желба е Весли Фофана од Лестер за кого Челзи е спремен да плати дури 80 милиони евра. 21-годишниот Французин важи за еден од најперспективните дефанзивци во светот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Челзи ова лето се раздели со Антонио Рудигер и Андреас Кристенсен пред да го ангажира сенегалскиот репрезентативец Кулибали од Наполи.

„Среќни сме што имаме играчи како Аспи, Тиаго и Калиду, но важно е да ја пронајдеме следната генерација на дефанзивци и да ги донесеме во следните години. Фудбалот стана многу физички и напорен и во оваа ситуација ни требаат други играчи со кои ќе ги ротираме овие момци. Факт е дека тројцата дефанзивци, голманот, како и Жоржињо и Канте се во триесеттите. мора да размислуваме и за иднината“, изјави Тухел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Алегри предвидува: Интер ќе го освои Скудетото со 90 бодови

Масимилијано Алегри верува дека Милан е еден од четирите тима кои се натпреваруваат за три…