Дома Фудбал Италија Пиоли: Потребни се уште две засилувања

Пиоли: Потребни се уште две засилувања

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли во интервју за „Газета дело Спорт“ посочи какви засилувања очекува до крајот на преодниот рок.

Милан ова лето ги донесе Адли, Ориги и Де Кетелар, но Пиоли истакна дека очекува уште две засилувања.

„Бараме две засилувања, дефанзивец и играч за врска. Не бараме копија на Кеси, тоа е невозможно. Бараме играч за врска со други карактеристики, експлозивност и техника. Со две засилувања ќе го комплетираме тимот“, изјави Пиоли.

„Оваа сезона сме уште посилни и ќе се бориме за да го одбраниме Скудетото, но и да напредуваме во Лигата на шампиони. Де Кетелар брзо се вклопи во тимот, тој е мешавина на Хаверц и Кака, ќе ни помогне многу во офанзивата“, додаде Пиоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ништо од големо засилување за Спалети: Поранешниот фудбалер на Милан нема да потпише за Јувентус

Утрово заврши една од големите летни саги откако познатиот африкански фудбалер Франк Кеси …