Дома Македонски спорт Шкендија со одлични 1:1 се враќа од гостувањето кај АИК!

Шкендија со одлични 1:1 се враќа од гостувањето кај АИК!

Eкипата на Шкендија остана непоразена во Стокхолм на гостувањето против АИК (1:1) и на домашен терен ќе ја има шансата за плеј-офот во Конференциската лига.

Тетовци успеаа да го изненадат фаворитот после 26 секунди со голто на Ферхан Хасани. АИК потоа создаде неколку добри прилики, но Костадин Захов на голто на Шкендија изведе неколку одлични одбрани.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сепак не успеа да го одбрани ударот на искусниот Џон Гуидети за 1:1.

Во продолжение од натпреварот домаќините го имаа повеќе поседот, но и Шкендија знаеше да б иде опасна. За тоа доказ се и директните шутеви кон голот кои беа во корист на Шкендија 6:5.

Овој резултат секако и дава надеж на Шкендија дека дома пред својата публика ќе може да се избори за плеј-оф во Конференциската лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…