Дома Топ вести Барселона бара Пике и Бускетс да прифатат ново намалување на платите

Барселона бара Пике и Бускетс да прифатат ново намалување на платите

Раководството на Барселона се обидува да ги убеди ветераните Жерар Пике и Серхио Бускетс да се согласат на уште едно намалување на платите.

Првите луѓе на Барселона имале средба со Пике и побарале отстапки од него, за да бидат регистрирани новите засилувања во тимот, за да не се надмине дозволениот дел од трошоците за плати, според правилата утврдени од Ла Лига.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Иста таква средба Лапорта и директорите имале и со Серхио Бускетс и неговиот агент, и од него побарале да прифати намалување на платата.

Барселона е во голем проблем бидејќи мора да се ослободи од неколку фудбалери и да ги намали трошоците за плати, за да може да ги регистрира новите засилувања.

Пике и Бускет се меѓу најплатените фудбалери во тимот и еднаш прифатија намалување на платите, а сега тешко дека ќе прифатат дополнително намалување, откако клубот потроши многу пари на засилувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Тер Штеген во „војна“ со Барселона – со еден потег им го загорчи животот на Каталонците

Германскиот голман Марк-Андре Тер Штеген влезе во нова фаза на конфликт со Барселона, отка…