Барселона се обидува да направи се за да ја прекине соработката со Мартин Брејтвајт, кој има договор на уште две години со Каталонците.




31-годишниот Данец е спремен спогодбено да го раскине договорот, но одбива можност да добие определена компензација, туку бара да му бидат исплатени сите плати за следните две сезони.




ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*
Тоа значи дека на играчот ќе треба да му ги платат сите осум милиони евра доколку сакаат предвреме да се ослободат од него.




Брејтвајт инаку е најбогатиот член на Барселона, со имот во САД од над 250 милиони евра. Основал компанија со член на семејството, а се занимава со недвижности пред се во САД.