Газдата на Далас маверикс, Марк Кјубан уште еднаш покажа дека му верува на словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На прашањето каде би го сместил Дончиќ меѓу најдобрите во НБА-лигата, сопственикот на тимот имаше краток и јасен одговор.




„На првото или второто место. Толку е добар, а ова лето ќе додаде некои работи во својот репертоар, ќе се врати уште подобар“, кажа 63-годишниот газда на тимот.




Минатата сезона Дончиќ во просек постигнуваше по 28,4 поени, 9,1 скок и 8,7 асистенции, а Далас стигна до финалето на плејофот на Западната конференција.




Дончиќ ќе се приклучи на подготовки на репрезентацијата на Словенија на 10 август, а Евробаскетот ќе почне на 1 септември.