Дома Фудбал Англија Играч на Арсенал се соочува со сериозни обвиненија

Играч на Арсенал се соочува со сериозни обвиненија

Играчот од средниот ред на Арсенал, Томас Парти е обвинет за силување, објави „Пулс Нигерија“.

Според изворот, 29-годишниот играч од Гана е обвинет за напад на девојка, која побарала анонимност. Таа споделила „скриншот“ од пораките што ги разменувала со Парти.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Томас Парти е сериски силувач кој имаше среќа бидејќи датумот кога реши да ме силува за време на нашиот заеднички одмор беше 10 дена пред Обединетото Кралство да го промени законот за да и дозволи на полицијата да истражува злосторства извршени во странство. Ме силуваше, ме остави без свест во кревет, па отиде на забава на Ибица, се врати, ми се насмеа во лице и ми рече дека не можам да го одбијам“, објави девојката.

Девојката тврди и дека и било платено да не зборува за овој инцидент.

Парти и неговите адвокати допрва треба да одговорат на наводите за силување на жената. Во јули, играчот беше обвинет за злоупотреба од неговата сопруга, моделот Сара Бела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Алегри откри дали е подготвен да го напушти Милан за да ја преземе Италија

Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, увери дека неговата цел е да го води тимот во Лига…