Дома Останати Дуплантис со нов светски рекорд до злато🎥

Дуплантис со нов светски рекорд до злато🎥

Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис денеска со нов светски рекорд го освои златниот медал во скок со стап на Светското првенство во Јуџин, САД.

Швеѓанецот прво со 6,06 го обезбеди златниот медал, а потоа во вториот обид скокна дури 6,21 метар, што е нов светски рекорд.

Овој 22-годишен Швеѓанец ја освои последната голема титула што му недостигаше, бидејќи веќе е европски шампион, олимписки шампион и светски шампион во сала.

Среброто му припадна на Американецот Кристофер Нилсен со 5,94 метри, а идентичен скок имаше Ернест Џон Обиен од Филипините, кој го освои бронзениот медал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Од бегалското детство до балканскиот врв: Патот на Марија Вуковиќ

Црногорската скокачка во височина ја заврши 2026 година со медали и личен рекорд, а зад не…