Дома Топ вести Лапорта најави враќање на Меси: Неговата историја во Барселона не е завршена

Лапорта најави враќање на Меси: Неговата историја во Барселона не е завршена

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта ги израдува фановите и најави можно враќање на Лионел Меси на „Камп Ноу“ во иднина.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Меси минатата година ја напушти Барселона поради тешката финансиска ситуација во која се најде каталонскиот клуб и реши кариерата да ја продолжи во ПСЖ.

„Верувам, се надевам и посакувам приказната на Меси со Барселона да не биде завршена. Верувам дека тоа е отворена тема. Наша одговорност е да обезбедиме подобар крај отколку што имаше“, изјави Лапорта.

Меси има договор со францускиот клуб до јуни следната година, а неодамна одби да ја продолжи соработката со „светците“.

„Се чувствувам должен кон него. Морално, како претседател на Барселона, мислам дека го направив тоа што требаше да го направам, но на личен план мислам дека му должам“, заклучи Лапорта.

Меси во Барселона пристигна на 13 години, а за каталонскиот клуб одигра 778 натпревари и постигна 672 гола. Со тимот на „Ноу Камп“ освои 34 трофеи и важи за најголема легенда во историјата на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Maрсело Брозовиќ може да направи трансфер каков што никој не очекува

Некогашниот хрватски репрезентативец би можел да се врати на големата сцена во европскиот …