Дома Фудбал Англија Астон Вила го отпушти Ди Матео!

Астон Вила го отпушти Ди Матео!

Роберто ди Матео по само 124 дена доби отказ на менаџерската функција во Астон Вила, откако забележа само една победа на 12 натпревари.

Астон Вила, минатата сезона испадна од Премеирлигата, новите сопственици вложија 50 милиони фунти во тимот и го назначија Ди Матео за менаџер, со јасна цел екипата експресно да се врати во елитата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Но по 12 натпревари во Чемпионшип дивизијата, Астон Вила се наоѓа блиску до дното, откако тимот забележа само една победа.

Астон Вила во саботата загуби од Престон 0-2, а тоа значеше и отказ за Ди Матео. Англиските медиуми шпекулираат дека најголеми фаворити за негов наследник се Стив Брус и Мик Мекарти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Погледнете ја статистиката на Винисиус во историскиот срам на Реал Мадрид

Фудбалерите на шпанскиот второлигаш Албасете приредија изненадување победувајќи го Реал Ма…