Раководството на Реал Мадрид повеќе нема трпение за белгискиот репрезентативец Еден Азар, па реши да го стави на трансфер-листата и подготвени се „кралевите“ ова лето да го продадат ако пристигне пристојна понуда.
Карло Анчелоти сака да го задржи во тимот, но нема ништо против да си замине Белгиецот затоа што нема големо влијание во клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Азар не се прилагоди во Мадрид, иако беше платен 100 милиони евра во 2019 година, а голем проблем му создадоа и повредите поради кои беше често надвор од фудбалските терени.
Поради ова Азар е едно од најголемите промашувања во историјата на клубот. Тој одигра 66 меча во последните три сезони и притоа постигна само шест гола.