Дома Останати Тенис Eве како би изгледала АТП листата ако не беше казната на Вимблдон

Eве како би изгледала АТП листата ако не беше казната на Вимблдон

Тенисерите на Вимблдон немаа шанса да бранат бодови како минатата сезона, откако АТП донесе таква одлука поради суспензијата на руските и белоруските тенисери од раководството на турнирот.

Најголема штета доживеа Новак Ѓоковиќ, кој загуби дури 2.000 бодови, иако ја освои титулата, а со тоа имаше и пад од неколку позиции на АТП-листата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Србинот падна од четвртата до седмата позиција и остана без 2.000 бодови, па сега е далеку зад првопласираниот Русин Данил Медведев.

Доколку АТП доделуваше бодови сега ситуацијата ќе беше драстично поинаква. Прв ќе беше Медведев со 7.775 бодови, Надал ќе имаше 6.885 бода на втората позиција, по што ќе следеше Александер Зверев со 6.850, Ѓоковиќ ќе беше четврти со 6.770, а Стефанос Циципас со 5.240 бода ќе беше во топ-5.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ донесе една од најголемите одлуки во кариерата

Новак Ѓоковиќ нема намера да ја заврши кариерата. Тој објави дека сака да учествува на Оли…