Дома Фудбал Италија Мурињо призна: Не е задоволен од преодниот рок на Рома

Мурињо призна: Не е задоволен од преодниот рок на Рома

Жозе Мурињо призна д ека не е најзадоволен од она што Рома го одработила во досегашниот преоден рок.

„Волчицата“ во Рим досега ги доведе Немања Матиќ, Зеки Челик и голманот Миле Свилар. Двајца од овие тројца, пристигнаа без оштета како слободни фудбалери. Меѓутоа треба да се спомене дека Николо Заниоло е на излезни врати и тој најверојатно ќе го засили Јувентус.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Дали моето лице ви кажува дека сум загрижен? Не. Малку сум фрустриран од трансфер пазарот, но не сум загрижен“, изјави Мурињо.

Рома во овој период се поврзува со многу фудбалери како Дибала, Берарди, Гуедеше, Хамес Родригез…па дури и Роналдо, но засега нема нешто посериозно со ниту еден од нив.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер Сити ќе ја зајакне средната линија со две имиња од Премиер лигата

Манчестер Сити се подготвува за сериозно обновување на средната линија, додека Пеп Гвардио…