Илија Несторовски и покрај најавите за заминување на крајот одлучи да остане во Удинезе, а сега во разговор за италијанските медиуми откри дека клучната улога за останување ја одиграле неговите деца.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во Удинезе Несторовски дојде во 2019 година како слободен играч од Палермо кој банкротираше таа година. Сепак, во Удине не ја повтори формата од Палермо, а во последната година и поради тешката повреда играше премалку.




„Среќен сум што останав во Удинезе, останува во голем клуб. Моите деца се најзадоволни од ваквата одлука. Затоа ги прашав каде сакаат да продолжам, а тие ми кажаа: Удинезе, Удинезе! Сакаа да останам тука затоа што ни е преубаво“, изјави Несторовски.




Во новата сезона Удинезе ќе се надева на поголема минутажа кај новиот тренер Андреа Сотил.




„Повредата беше тешка и тешко беше да се влезе во ритам потоа, но сега почнуваме од почеток, полн сум со енергија и сакам на тренерот да му покажам дека може да смета на мене. Првите импресии од тренерот Сотил се позитивни. Има голема конкуренција и треба да се работи напорно. Нашата цел во новата сезона ќе биде да освоиме 40 бодови и што е можно побрзо да напредуваме“, изјави Нестор.




Од доаѓањето на новиот селектор Благоја Милевски Несторовски не е во репрезентацијата.
„Секако дека како и секој фудбалер и јас сакам да играм во репрезентацијата. Но не е само до мене, јас тренирам и сакам да се вратам. Дали тоа ќе се случи ќе видиме“, порача македонскиот напаѓач.