Дома Македонски спорт Мак фудбал Седлоски: Добро сме спремни, да покажеме зошто сме шампиони на Македонија

Седлоски: Добро сме спремни, да покажеме зошто сме шампиони на Македонија

Денес од 20:45 часот Шкупи ќе игра против Линколн Ред Импс во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите.

На прес-конференцијата тренерот Гоце Седлоски порача дека тимот е спремен за овој натпревар.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Максимално сме спремни, се подготвуваме еден месец за овој предизвик. Никого не потценуваме и сконцентрирани сме, но без разлика кој ни е противник ние ќе ја играме нашата игра. Мораме да покажеме карактер и да покажеме зошто сме шампиони на Македонија“.

„Ќе играме проитив незгоден тим кој агресивен и многу и мнгоу трча, знаат добро да се бранат. Но, ние ќе играме како што играме цела сезона. Ќе бидам задоволен со било каква победа дома. Направивме сериозна анализа на играч по играчи, сепак најважно е ние како ќе одиграме“, изјави Седлоски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Барселона го најде наследникот на Левандовски

Барселона сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантас…