Oгнен Мудрински доби отказ од Целје поради неговите недолични коментари.
Фудбалерот кој во минатото играше за Војводина и Црвена Звезда, а настапуваше и за клубови од Германија, Швајцарија и Полска само поради глупост остана без договор со словенечкиот Целје.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мудрински како што пренесуваат медиумите во Словенија требало да стане најплатениот играч во првенството, но тоа нема да се случи.
„Брате, ги yбив! Низ цел град собираат пари, ако имаш некоја црна кеса однеси да ги соберат и тие пари нека бидат кај тебе. Се слушаме“, стои во објавениот разговор на Мудрински со негов пријател.
Кога ваквиот разговор стигнал до управата на Целје, тие без размислување му го раскинале договорот.