Дома Македонски спорт Мак фудбал Поранешен репрезентативец на Македонија потпиша за Брегалница!

Поранешен репрезентативец на Македонија потпиша за Брегалница!

Поранешниот македонски репрезентативец Горан Силјановски е најновото засилување на Брегалница за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

„Сините“ денеска официјално потпишаа договор со 31-годишниот крилен дефанзивец кој доаѓа од редовите на еден од најтрофејните албански клубови Динамо Тирана, каде настапуваше изминативе две сезони.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Силјановски претходно во својата кариера има настапи и за Македонија ЃП, Вардар, Тетекс, Ренова и Работнички во македонскиот шампионат.

Низ својата богата кариера, во која има и бројни трофеи на домашната сцена, има и 21 настап за младата репрезентација на Македонија, како и четири официјални настапи за А-репрезентацијата на Македонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Реал тргнува по дефанзивец на Тотенхем

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот…