Барселона синоќа беше поразена од Селта со 4:3, а во победата на домаќините им помогна и голманот на Каталонците, Тер Штеген.
Иако Селта во првото полувреме водеше со 3:0, Барса се врати во натпреварот со два брзи гола во второто полувреме, но потоа следеше катастрофалната грешка на голманот Тер Штеген. Погледнете!
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Цел свет виде што направив. Ова е моја вина и навистина жалам за моите соиграчи бидејќи се боревме до самиот крај. Ако не го направев тој кикс, можеби и ќе го добиевме натпреварот, навистина многу ми е жал. Сепак и покрај тоа, сакам да биде јасно дека нема да го менувам мојот стил на игра. Ова се случи еднаш и жалам што му наштетив на тимот. Сигурен сум дека ова ќе ми биде добра лекција“, изјави Тер Штеген.